Големото шпанско, па и светско дерби дуелот меѓу Барселона и Реал Мадрид мина во знакот на францускиот репрезентативец Карим Бензема.
„Кралевите“ славеа на гостувањето на „Камп Ноу“ во реванш полуфиналниот меч од шпанскиот куп и со вкупни 4-1 се пласираа во големото финале.
Иако во првото полувреме домаќините беа оние кои доминираа, а во самиот финиш имаа одлична шанса по обидот на Левандовски кој го одбрани Куртоа, во продолжението на акцијата Реал направи одлична контра преку Бензема и Венициус, за водство од 1-0.
Со тој резултат се замина на одмор, со што Реал практично ја анулира негативата од првиот меч во Мадрид.
Во вториот дел. Барса се обидуваше да стигне до израмнување, но повторно по една контра во 50-тата минута, на асистенција на Мориќ, сега Бензема го совлада Терштеген.
Барса фрли се на една карта, а тоа ги чинеше нов гол во нивната мрежа. По прекршокот на Кеси во сопствениот шеснаесетник, беше досуден пенал за Реал, кој во водство од 3-0 го претвори, Бензема.
Иако Чави го засили нападот, сепак и тоа не донесе ништо за Барса, напротив. Одново Бензема во 80-тата минута го постигна својот трет гол на мечот, а вкупно 15-тиот во „Ел Класико“ со го мина Гаул Гонзалез на вечната листа.
Така Реал сосема заслужено славеше победа и се пласира во финалето.
Во него за трофејот на „Кралот“ ќе се бори со екипата на Осасуна која во баскиската пресметка го елиминира Атлетик Билбао.