Актуелните македонски шампионки, кошаркарките на Бадел доминантно стигнаа до првата победа во плејофот. Баделки вечерва на домашен терен во Кисела Вода, го добија првиот четвртфинален дуел со екипата на Гризли и тоа убедливо со 93-45.

Уште по воведните 3-4 минути беше јасно дека Бадел лесно ќе го добие мечот, па по првата четвртина веќе имаа 21 поен предност (27-6), а на полувремето и дури +32 (51-19). Тоа беше знак за тренерот Перо Стамески да ја распредели минутажата, речиси подеднакво на сите.

Тоа и не се осети многу во играта, па крајот Бадел славеше со 38 разлика конечни 93-45. 

Дури шест кошаркарки на Бадел средбата ја завршија со двоцифрен број на поени. Јована Димковска постигна 15, а по 11 уфрлија Димитриевиќ, Петровска, Марковска и Метју, додека до 10 броеше Чолакоска. Единствена во составот на Гризли која имаше двоцифрен број на поени, 10, беше Кристина Тодевска.

Нема дилема, дека актуелните шампионки, нема да имаат многу мака да стигнат до втората победа и да се пласираат во полуфиналето, за кое им е потребен уште еден триумф.

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРВИТЕ ЧЕТВРТФИНАЛНИ НАТПРЕВАРИ
ДЕНЕСКА
(1) БАСКЕТ КАМ – (8) ПРОБАСКЕТ 103-69 (1-0 во победи)
(4) ВАРДАР – (5) МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ 68-73 (0-1 во победи)
(2) БАДЕЛ – (7) ГРИЗЛИ 93-45 (1-0 во победи)
ВЧЕРА
(3) КРИВА ПАЛАНКА – (6) СТРУГА 69-77 (0-1 во победи)