Познати се последните две европски репрезентации кои пристојното во лето ќе играат на Светското фудбалско првенство. Тоа се репрезентациите на Босна и Херцеговина и Чешка кои имаа повеќе среќа во пенал „рулетите“ со БиХ и Данска.

По Македонија и БиХ ја остави Итлаија без Мундијал

Италијанците на гостувањето во Зеница, не ја оправдаа улогата на фаворит во дуелот со БиХ. По 2024-тата кога беа елиминирани во бараж полуфиналето од Македонија, Азурите пак останаа без Мундијал. Тие загубија на пенали од Босанците со 4-1, откако по 120.минути игра резултатот беше 1-1.

Во 15.минута фудбалерот на Фиорентина, Мојс Кин им донесе предност на азурите од 0-1. Италија од 41.минута остана со играч помалку откако Бастони заработи црвен картон. Предноста од човек повеќе Босанците успеаја да ја искористат во самиот финиш. Напаѓачот на Борусија Менхенгладбах, Харис Табаковиќ во 79-минута погоди за израмнување (1-1) и ерупција на стадионот во Зеница. Тој резултат остана до крајот на регуларните 90 минути, па се играа дополнителни 30. Но и по нив резултатот остана ист.

Во пенал серијата, уште во првата Еспозито не реализира за Азурите, а потоа и Тристанте ја погоди гредата. Тоа Босанците знаеја да го искористат и да ја совладаат обезбедат пласман на Мундијалот, втор пат во историјата по 2014-та.

Чесите патуваат на Светско

Селекцијата на Чешка пак ја елиминира Данска која нам пред четири дена ми нанесе дебакл. Чесите на домашен терен во Прага, славеа победа со вкупни 5-3, исто така по продолженија и пенали. По регуларните 90.минути резултатот беше 1-1 .

Домаќините поведоа уште во третата минута со погодокот на Павел Шулц. Израмнувањето дојде преку Јоаким Андерсен во 77-мата минута. Во продолженијата, односно во 100-тата минута, Ладислав Крејчи втор пат и донесе предност на Чешка со 2-1. Но, упорните Данци не се откажаа, па во 111.минута преку Каспер Хог израмнија.

Данците немаа нерви во пенал серијата во која не реализираа три удари, па Чесите заслужено ја добија со 3-1.

Тие им се приклучија на Шведска и Турција кои вечерва беа подобри од Полска и Косово.

Со тоа комплетирани списокот на репрезентации кои доаѓаат од европскиот континент, ако и летово ќе играат на Mундијалот во САД, Мексико и Канада.