Репрезентацијата до 19 години денеска ги почлнува квалификациите за Европското првенство.

Во рамките од „Б“ лигата, составот предводен од селекторот Димитар Капинковски е дел од групата во 5. Во неа противници на Македонија се и репрезентациите на Фарски Острови, Молдавија и домаќинот Холандија.

„Преку турнирите и тренинг камповите што ги организиравме во текот на изминатиов период имавме доволно време да се подготвиме за она што не очекува.

За жал на овој турнир ќе настапиме без Ненад Дамјановски кој паузира поради потешка повреда, а во идентична ситуација се Александар Грашески и Стоилов кои се уште се рехабилитираат. Во моментов на располагање ги имаме најдобрите од оваа генерација и ќе направиме се за да се покажеме најдобро издание.

Настапот во овие квалификации е одлична можност преку играње на натпревари со квалитетни противници да го стекнат потребното искуство кои многу ќе им помогне во текот на кариерата“, изјави Капинковски.

Прв противник денеска ни е селекцијата на Фарски Острови, против која ќе играме во терминот од 17 часот. Три дена подоцна се соочуваме со домаќинот Холандија, додека на 31 март играме противник ни е Молдавија.

Само првопласираната селекција ќе обезбеди настап во „А“ лигата, додека останатите три ќе играат во втората фаза на „Б“ конкуренцијата.

Следете нé на социјалните мрежи