Македонскиот вицепрвак ТФТ го продолжува својот настап во регионалната кошаркарска АБА2 лига. Тимот на ТФТ го совлада српскиот Златибор во реванш четвртфиналната пресметка и израмни на 1-1 во победи, во серијата подобар до две.
Откако пред седум дена загубија на гостински терен, овој пат кошаркарите на ТФТ славеа на домашен. На натпреварот одигран во салата ,,Лазар Лечиќ” во скопскиот градски парк, тимот од Тафталиџе славеше со 87-79.
Во првото полувреме гостинскиот состав беше подобар, особено во ударите за три поени. Кошаркарите на Златибор ги добија првите два периоди со 14-21 и 19-28, па на паузата заминаа со 16 поени предности.
Второто полувреме, македонскиот вицепрвак постојано бркаше негатива. На истекот на 27.минута ТФТ дури и поведе (60-59), но не успеа да ја сочува предноста. Гостите возвратија со серија од 0-8 и во завршните 10 минути Златибор влезе со предност 60-67. Последната четвртина, двата тима имаа свои добри и лоши периоди на игра, но ниту еден не успеа да создаде поголема предност. ТФТ во завршната минута влезе со +4, која успеа да ја сочува и на крајот да слави со конечни 87-79.
Четворица играчи на макеоднскиот вицешампион натпреварот го завршија со двоцифрен број на поени. Најмногу 26 постигна Дејвис, а го следеа: Гордон (16) Говенс (15) и Зафиров (13).
Со оваа победа ТФТ се избори за мајсторка која ќе се игра на теренот на противникот за седум дена (31 март) од 18,30 часот.



































