Португалскиот првак Спортинг Лисабон е првиот тим кој обезбеди пласман во четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Ова откако Спортинг славеше во реванш осминафиналето против норвешкиот првак Бодо Глимт. Во Лисабон, Спортинг ја надополни негативата од три гола по првиот меч, а го доби реваншот со 5-0 по продолжение.

Во регуларниот дел (90.минути), португалскиот шампон постигна три гола. Стрелци беа: Гонсало Инасио (34.минута), Педро Гонсалвес (61) и Суарез (78) од пенал. По само две минути игра во продолжението (90+2) Уругваецот, Араухо погоди за 4-0, а конечните 5-0 ги постави Рафаел Нел во 122-та минута.

Вечерва ќе се играат уште три натпревари, а во нив, Реал и ПСЖ се пред промоција во ТОП-8. За место таму во Лондон, ќе се борат Арсенал и Баер кои ќе почнат од „нула“.

ЛИГАТ НА ШАМПИОНИ – 1/8 ФИНАЛЕ (РЕВАНШ)

вторник 17 март
СПОРТИНГ ЛИСАБОН – БОДО ГЛИМТ 5-0 по продолжение 3-0 (0-3 прв натпревар)
МАНЧЕСТЕР СИТИ – РЕАЛ МАДРИД 21 часот (0-3)
АРСЕНАЛ – БАЕР ЛЕВЕРКУЗЕН (1-1)
ЧЕЛЗИ – ПСЖ (2-5)