Македонскиот кошаркарски вице-шампион, ТФТ не успеа да направи ,,Брејк” на стартот на четвртфиналето во АБА2 лигата.
Во серијата подобар до две победи, ТФТ го загуби првиот дуел со српскипт Златибор и тоа на гости со 101-86 .
Во првото полувреме домашниот состав го контролираше резултатот континуирано имаше водство. Златибор го доби првиот квартал со 5 поени разлика, а првата двоцифрена предност (+12), ја имаше во петнаесетта минута. Сепак, македонскиот вицепрвак брзо ги консолидира редовите и успеа да ја преполови таа негатива. На паузата меѓу двете полувремиња Златибор замина со предност од 50-44.
Иста слика и во третиот квартал. Домашниот тим во 25.минута поведе со 14 поени, а ТФТ ја намали негатива на шест разлика. Но, повторно домаќините ,,уфрлија во брзина погоре”, па по 30.минути игра имаа +15 ( 78-63). По нецели две минути играва последниот период, домаќинот дојде и до 21 поен разлика. Тоа се покажа како недостижно за македонскиот вицепрвак, па Златибор на крајот славеше со конечни 101-86 .
Прв стрелец во екипата на ТФТ, беше Виктор Ташовски кој реализира 18 поени, од кои 14 во првиот дел, додека Говенс постигна еден помалку (17).
Реванш натпреварот во Скопје ќе се игра следниов вторник (24 март) во терминот од 18 часот. Евентуалната мајсторка повторно ќе се игра на теренот на српската екипа и тоа на 1 април.



































