Женската сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија денеска ќе го одигра последниот натпревар во квалификациите за ЕП 2027.

Подмладениот македонски национален тим, пред своите навивачи во Скопје ќе го игра дуелот со селекцијата на Хрватска.

Во салата „Лазар Лечиќ“ во Градски парк, македонските кошаркарки ќе се обидат да пружат достоен отпор на фаворизираната Хрватска. За гостинската селекција овој натпревар е големо значење. Тие мора да славата победа за да ги сочуваат шансите за второто место. Имено Данска, Грција и Хрватска во моментов имаат по 8 бодови и се во трка за двете места што директно водат на Евробаскетот.

Македонија е последна со само 6 бодови (една победа и пет порази).

Денешниот натпревар меѓу Македонија и Хрватска ќе стартува во 18 часот, а ќе може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ 👇👇👇