Женската сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија, денеска ќе го игра четвртиот натпревар во квалификациите за ЕП 2027 година.
Подмладената македонска селекција во која ќе нема неколку искусни кошаркарки кои досега го носеа товарот на играта, гостува во Данска.
Против оваа селекција на стартот од квалификациите, женската репрезентација го прекина деценискиот пост без победи. На првиот натпревар одигран во Скопје во октомври., Македонија славеше победа со еден поен разлика.
Сега со подмладени сили, па и на гостински терен, тешко е да се поверува дека оваа селекција може да се радува. Но, спортски е да се надеваме, па останува да го сочекаме исходот од дуелот што почна од 18.30 часот.
Инаку ова е првиот од трите натпревари кои ќе ги одиграат нашите кошаркарки. Следниот е веќе за три дена во Солун против Грција, а последниот со Хрватска че го играат во Скопје на 17 март.
Натпреварот Данска – Македонија ќе може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ 👇👇👇




































