Македонскиот вице-шампион ТФТ со пораз ја заврши групната фаза во АБА2 лигата. Во натпревар од последното коло, а на гостувањето во Сараево кај Јахорина, тимот на ТФТ загуби со 92-84.

Босанската екипа од самиот почеток ја наметна својата игра и речиси постојано беше во водство. ТФТ на полувреме замина со голема негатива од 18 поени 53-35.

Сепак, избраниците на Боро Смилковски одиграа многу квалитетна трета четвртина во која ја преполовија негативата. Сепак немаа сили кошаркарите на ТФТ за комплетен пресврт па на крајот заслужено противникот славеше победа.

Со „скор“ 5-3 (победи-порази) ТФТ е во групата од четири екипи кои се на делба од 5 до 8 место на табелата. Но, тие ќе бидат минати од Златибор кој на полувреме води со 25 разлика против Морнар.

Во споменатата група на екипи може да се приклучи и макеоднскиот шампион МЗТ Скопје Аеродрпом кој на 10 март ќе гостува кај Широки Бријег во последниот натпревар од групната фаза.

Во таква ситуација на повеќе екипи со ист учинок, за конечниот пласман на табелата, а со тоа и продолжување во плеј-офот може да решава кош разликата.