Со натпреварот што ќе се игра попладнево во Тетово, ќе биде комплетирано 20.коло во Првата македонска фудбалска лига.

Таму, актуелниот шампион Шкендија ќе го пречека битолски Пелистер. За двата тима бодовите се од големо значење.

По елиминацијата од Конференциската лига, тетовци сега целосно може да се посветат на одбраната на титулата. Шкендија е втора на табелата со седум бодови помалку од лидерот Вардар. Тетовци сакаат да го искористат „ремито“ на Вардар против Струга ТЛ и да ја намалат бодовната предност на скопјани.

За разлика од Шкендија која се бори за шампионската титула, Пелистер се бори за опстанок. Битолчани се во групата на екипи од долниот дел на табелата кои гравитираат меѓу директно напуштање на лигата и играње бараж.

Денешниот дуел Шкендија – Пелистер ќе се игра во терминот од 14 часот.

ПРВА ЛИГА – 20 КОЛО

понеделник 02.03
ШКЕНДИЈА – ПЕЛИСТЕР 14 часот
претходно
СТРУГА Т.Л. – ВАРДАР 1-1
ТИКВЕШ – СИЛЕКС 0-1
АРСИМИ – МАКЕДОНИЈА ЃП 1-1
РАБОТНИЧКИ – ШКУПИ 3-0
БАШКИМИ – БРЕРА 0-2

Standings provided by Sofascore