Два нови натпревари носи денешниот ден во Првата македонска фудбалска лига. Ќе се играат натпревар од 20 коло во Скопје и Струга.

Дербито е во Струга каде Трим Лум ќе го пречека скопски Вардар.

Ова е дуел на два од трите претенденти за шампионскиот трофеј. Вардарци се лидери на табелата со шест бодови повеќе од второ пласираната Шкендија, а дури девет од третата Струга.

Оттаму е повеќе од јасно дека исходот на денешниот меч може да го одреди понатамошниот тек во трката за титулата, а тоа важи пред се за домаќините. Не успеат ли стружани да славата победа и да ги освојат трите бода, ќе бидат се подалеку од шампионскиот трофеј.

Домаќините се во лоша форма, а во пролетниот дел од сезоната претрпеа два порази и одиграа еднаш нерешено. За разлика од нив Вардарци имаат три врзани првенствени победи, но и пораз и елиминација во Купот. Црвено-црните беа елиминирани од второлигашот Охрид во четвртфиналето, па нема да можат да го бранат Куп трофејот. Затоа избраниците на Седлоски сигурно ќе имаат мотив повеќе да покажат дека поразот од охриѓани бил само лош ден.

дербито меѓу Струга ТЛ и Вардар ќе почне од 14 часот, а од 12 часот ќе играат Работнички и Шкупи. Тоа е дуел на двете последно пласирани екипи на табелата и повеќе од сигурно тимови кои ќе се преселат во Втората лига.

ПРВА ЛИГА – 20 КОЛО

сабота 28.02.
РАБОТНИЧКИ – ШКУПИ 12 часот
СТРУГА Т.Л. – ВАРДАР 14 часот
недела 01.03
ТИКВЕШ – СИЛЕКС 14 часот
АРСИМИ – МАКЕДОНИЈА ЃП 14 часот
понеделник 02.03
ШКЕНДИЈА – ПЕЛИСТЕР 14 часот
петок 27.02.
БАШКИМИ – БРЕРА 0-2

Standings provided by Sofascore