Селекторот на машката сениорска репрезентација на Македонија, Жозеп Мариа Берокал, ги одбра 12-мината кошаркари за дуелот со Луксембург.
Шпанецот на располагање имаше 15-мина играчи, откако Лејсон Зекири пријави повреда и не можеше да се стави на располагање. Сега Шпанецот, репи од тимот да ги изостави, Амар Хот, Андреј Маслинко и Андреј Митревски.
Во составот на кои ќе смета за мечот од 3.коло од групата „А“ се: Војдан Стојановски, кој ќе биде и капитенот на тимот, Андреј Магдевски, Виктор Ташовски, Лука Стојановски, Марин Петков, Виктор Ефремовски, Валмир Какруки, Адем Мекиќ, Стојан Ѓуроски, Андреј Јакимовски, Етан Хап и Теодор Симиќ/
Натпреварот Македонија – Луксембург, ќе се игра на во петок, во салата во „Градски парк“ во Скопје од 18 часот.


































