Андреј Јакимовски беше еден од нашите најдобри играчи на почетокот од овој претквалификациски циклус за места кои водат на Евробаскетот во 2029 година.

На двете средби во кои Македонија реализираше две победи, прво дома, против Азербејџан, потоа и на гостински терен, против селекцијата на Ирска, комплетираше 61.поен. Односно во просек по 25.5 поени по натпревар, кои го прават прв стрелец во нашиот национален тим. Неговите просечни осум скока, го ставаат веднаш заедно со ефектот на Џејкоб Вајли на листата на најдобрите скокачи.

Играчот на италијанскиот Тренто максимално подготвен го дочекува новиот репрезентативен собир,

„Мислам дека треба да продолжиме да ја градиме нашата тимска игра, нашата хемија. Како што селекторот кажа, сака брза игра, игра во транзиција.

Поставиме неколку напади, поставивме и систем во одбрана. Со интенција да имаме брза игра.

Да, периодот за тоа е краток. Не може да се пстаават повеќе работи во овие три-четири дена. Се надевам дека во наредниот циклус за време на летниот период ќе може да тренираме повеќе и селекторот да го постави својот стил на игра“ – вели Јакимовски.

Дуелот со Луксембург, ќе се игра во петок навечер, од 18.часот, во салата „Градски парк“ во Скопје.

Следете нé на социјалните мрежи