Ракометниот клуб Охрид испишува најуспешни страници во својата европска историја.
Со пласманот во четвртфиналето на ЕХФ Европски Куп, клубот го потврди континуираниот раст и сериозниот европски потенцијал. Охрид досега оствари значајни победи и елиминира реномирани противници на меѓународната сцена.
Во четвртфиналето следува дуел со грчкиот гигант Олимпијакос.
Првиот натпревар ќе се игра во Атина на 28 или 29 март. Реваншот ќе се одигра во СРЦ „Билјанини извори“ на 4 или 5 април.
Победникот од овој двомеч ќе обезбеди место во полуфиналето.Таму ќе се сретне со победникот од дуелот Целје против Бузау.





































