Македонскиот првак Шкендија него издржа притисокот на турскиот Самсунспор, во првиот мечот плејофот на Конференциската лига.

Дуелот што се играше вечерва на арената „Тодор Проески“ заврши со минимална победа на гостите од 0-1.

Гостите имаат можност да поведат уште во петтата минута, кога полошата интервенција на Фетаи во сопствениот шеснаесетник, беше осудена најстрого казна за Самсумспорт. Одговорноста ја презеде интернационалецот од Конг, Макпумбо, кој незадоволства на домашните фудбалери и нивните навивачи биеше високо над голот. Првата закана тетовци ја имаа во 17.минута, кога по брзата контра, Вебстер биеше млако кон противничкиот голман.

На почетокот на вториот дел односно 56-та минута, голема можност пропуштија домашните фудбалери. Капитенот, Ибраими се проби по десната страна влезе во шеснаесетникот на противникот, но биеше крај голот.

И гостите од Турција на спротивната страна се заканија во два наврати но на вистинското место беше домашниот голман Гаје. Но, офанзивата игра Самсунспор ја круниса во 77-та минута. По населувањето од десната страна, на вистинското место се најде интернационалецот од Чад, Мариос и му донесе водство на гостинскиот тим со 0-1.

Реванш натпреварот во Турција ќе се игра следниот четврток на 26 февруари, во терминот од 18:45 часот.

Следете нé на социјалните мрежи