Охридските ракометари го продолжуваат патот во ЕХФ Европскиот Куп. По убедливите елиминации на Баку и Слога Добој, охриѓани ги очекува далеку потежок предизвик.
Во осминафиналето во салата „Биљанини Извори“ гостува чешкиот гигант Дукла Прага.
Дукла е клуб со голема традиција и двапати бил европски шампион. Тимот располага со тројца репрезентативци на Чешка и селекторот на националниот тим. Ова е сериозен противник кој од охриѓани ќе бара максимална ангажираност во текот на целиот натпревар.
„На гости ни доаѓа сериозен противник, кој двапати беше шампион на Европа.
Дукла е сериозна екипа, со тројца репрезентативци на Чешка и селекторот на репрезентацијата, клуб со голема традиција и ние едвај чекаме натпреварот да започне.
Ги повикувам нашите навивачи да ја наполнат салата и да направат атмосфера, тоа нам многу ќе ни значи. ,“ изјави тренерот Борис Ројевиќ.
Според него, тимот имал промени во „ростерот“ и формата не е на посакуваното ниво, но е подготвен за големиот предизвик.
Натпреварот меѓу Охрид и Дукла Прага започнува денес во 18:00 часот.





































