Ракометарите на ГОГ последни изборија пласман во четвртфиналето од годинашново издание на Лигата на шампионите. Во „данската пресметка“ тие вечерва на домашен терен го совладаа Алборг со 32:24 и со тоа ја анулираа негативата од првиот дуел (28:30). Симон Питлик со 8 голови беше најефикасен на дуелот, а по 7 голови постигнаа: Мадсен и Јоргенсен кај ГОГ и Клар кај Алборг.
На вториот натпревар одигран денеска во дуелот на унгарските тимови Веспрем уште еднаш го совлада ПИК Сегед. Во вториот дуел резултатот беше 38:33, додека првиот дуел Веспрем го доби со 36:23 на гости.
По одигрувањето на денешните натпревари познати и се полуфиналните двојки: Киелце – Веспрем, Магдебург – Висла, Барселона – ГОГ и ПСЖ – Кил. Натпреварите ќе се играат на 10 и 11.мај (прв натпревар) и 17 и 18.мај (реванш дуели).
Победниците од четвртфиналето на 17 и 18.јуни ќе играат на „фајнл фор“ турнирот во Келн.