Фудбалерите на Барселона остварија важна гостинска победа против Вилјареал со 2:0. во натпревар од 17. коло во шпанската Примера. Барса ја доминацијата на теренот на „жолтата подморница“, каде што не знае за пораз веќе 18 години.

Ова беше прв пораз за Вилјареал на домашен терен во актуелната сезона, иако избраниците на домаќинот во воведните минути не покажаа респект кон фаворизираниот противник.

Во 10. минута Комесанја направи прекршок над Рафиња во шеснаесетникот, а самиот Бразилец две минути подоцна беше сигурен реализатор од белата точка за 0:1.

Клучен момент се случи во 39. минута, кога Веига заработи директен црвен картон, што значително ја олесни задачата за тимот на Ханси Флик. Барселона тоа го искористи во второто полувреме, а она што Јамал не го реализираше на почетокот, го надополни во 63. минута, кога најдобро се снајде во мешаница пред голот на Вилјареал и ја затресе мрежата за 0:2.

На крајот, Вилјареал го доживеа првиот домашен пораз сезонава и остана на четвртото место на табелата со 35 бодови. Барселона, пак, со оваа победа стигна до 46 бодови и има четири повеќе од првиот следбеник, Реал Мадрид.