Шест натпревари ноќеска кеа одиграни во НБА лигата, а два од нив донесоа голема неизвесност.

Њјорк Никс и Мајами Хит одиграа неверојатно возбудлив натпревар кој ќе се памети долго, а Никси успеаја да слават со тесни 132-125. Њујорк беше во предност во најголемиот дел од натпреварот, но неизвесноста остана до последната секунда.

Џејлен Џонсон беше вистински лидер кај Никс, постигнувајќи 47 поени, најмногу во сезоната.  Микал Бриџис постигна 24 поени со 6 од 7 шутеви за тројки, Џош Харт додаде 13 поени и 10 скока. На спротивната страна, Кел’ел Вер имаше 28 поени и 19 скока за Мајами.

Во Сакраменто, домашните Кингс приредија вистинско изненадување и го совладаа Хјустон Рокетс со 125:124. Натпреварот беше драматичен и заврши со продолжение, откако регуларниот дел донесе резултат 112:112.

Во дополнителните пет минути, Кингс постигнаа 13 поени и примија 12, доволно за голема победа. Херојот на вечерта беше Денис Шредер, кој погоди тројка на само две секунди пред крајот и ја запали атмосферата. Гостите преку Кевин Дурант имаа шанса за израмнување, и ново продолжение, но не ја искористија.

Шредер заврши со 24 поени, седум скока и десет асистенции, но поентерски беа поуспешни Киган Мареј со 26 и Демар Дерозан со 27 поени.

Расел Вестбрук имаше дабл-дабл со 21 поен и 13 скока, а Максим Рејно придонесе со 12 поени и 14 скока. Оваа победа е особено значајна за Кингс, бидејќи дојде по серија од пет последователни порази.

Резултати:
Атланта – Чикаго 150:152
Бруклин – Торонто 96:81
Њујорк – Мајами 132:125
Минесота – Милвоки 103:100
Вашингтон – Сан Антонио 113:124
Сакраменто – Хјустон 125:124 (по продолжение)