Во машката ракометна Супер лига остануваат уште две кола, пред репрезентативната пауза и новиот настап на Македонија на Европскиот шампионат.

Од денеска до недела ќе се играат дуелите од 17.коло. Оваа рунда ќе ја отворат вечерва Алкалоид и Куманово со натпреварот што ќе се игра во салата Автокоманда.

Дербито на колото е во недела во Охрид каде ќе гостува шампионот Еурофарм Пелистер. Тоа е дуел на второ и трето пласираните екипи на табелата.

СУПЕР ЛИГА МАЖИ – 17 КОЛО

ПЕТОК
19:00 РК АЛКАЛОИД – МРК КУМАНОВО
САБОТА
15:00 РК ПРОЛЕТ 62 – РК БУТЕЛ СКОПЈЕ
18:00 РК ВАРДАР 1961 – РК РАДОВИШ
НЕДЕЛА
16:00 РК СТРУГА – РК ПРИЛЕП
18:00 ГРК ОХРИД – РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР
18:00 ГРК ТИКВЕШ 2014 – РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2