Вечерва во женската ракометна Супер лига ќе се игра првиот натпревар од 12-тото коло и тоа дерби дуел.

Во салата „Христо Батанџиев“ актуелниот шампион Ѓорче Петров го пречекува не поразениот тим на Металург Автокоманда.

Ова е натпревар на двете првопласирани екипи на табелата. Гостинките од Автокоманда досега се не порозни, а на 11-те одиграни натпревари впишаа 12 победи. Само во дуелот со Ѓорче Петров ракометарките на Металург не успеаја да слават. Првиот меѓусебен натпревар на овие две екипи заврши без победник 23-23. „Лавиците“ заостануваат два бода, бидејчи покрај ремито со Металург, тие беа поразени од Чаир.

Вечерашното дерби што ќе почне од 20 часот, ќе може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.

Следете нé на социјалните мрежи

СУПЕР ЛИГА (ЖЕНИ) – 12.КОЛО

12.12.2025 ПЕТОК
20:00 ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА
14.12.2025 НЕДЕЛА
16:00 ЧАИР СКОПЈЕ – АСТИБО
18:00 КУМАНОВО – СПАРТАК
18:00 ПЕЛИСТЕР – ВАРДАР