Втора година по ред, машката и женската сениорска репрезентација на Македонија ќе играат во Европската лига. Извршниот одбор на Одбојкарската федерација реши да го задржи континуитетот на А селекциите.

Пријавувањето за Европската лига 2026 беше отворено до 1 декември. На Конгресот во Париз, ЦЕВ најави промени во системот, а новиот формат ќе биде претставен до крајот на годината.

Машкиот тим од 2014 година редовно настапува во Европската лига. За женската репрезентација ова ќе биде трето учество, второ по ред, откако дебитираа во 2023 година.

Од 2026 година ова натпреварување ќе има нова тежина, а ќе го замени квалификацискиот циклус за Европското првенство во 2028 година. Циклусот за пласман на ЕуроВолеј 2028 ќе се одвива преку изданијата на Европската лига 2026 и 2027.

Пласман ќе обезбедат првите четири репрезентации од секое издание – вкупно осум.
Тие ќе се приклучат на четирите домаќини на ЕП, шампионот од ЕП 2026 и уште 11 селекции според ранкингот на ЦЕВ по завршувањето на Европската лига 2027.

Следете нé на социјалните мрежи