Американецот, Омари Мур имаше солидно деби во дресот на кошаркарската селекција на Македонија.
Кошаркарот на Валенсија партиципираше со 6 поени, 9 скокови и 6 асистенции, во победата на Македонија над Азербејџан.
Сепак, Мур нема да биде во комбинација за следниот натпревар против Ирска во недела, а неговото место ќе го заземе Џејкоб Вајли.
Селекторот Илиевски ја објасни и промената на позицијата „натурализиран играч“.
„На овој меч играше Омари Мур затоа што има промена во нивниот тим кај натурализираните играчи, па ние решивме да користиме играч на бековската позиција. Секако дека Мур ги оправда очекувањата на стартот, иако дојде веднаш по мечот со Баерн.
Се вклопивме добро, и станува збор за вистински професионалец и позитивна личност. Можеби јавноста очекуваше дека ќе се случуваат атракции и многу поени, сепак, тој донесе стабилност и ја држеше целата екипа со искуството кое го носи со себе. Добро ја постави својата игра и си ја заврши задачата“, изјави Илиевски на прес-конференцијата по натпреварот со Азербејџан.
Неделниот натпревар во Даблин ќе се игра во терминот од 18 часот.




































