Литванија испиша една од најневеројатните страници во историјата на квалификациите за Светското првенство 2027. Во 1.коло тие ја совладаа Велика Британија со 89-88, иако на само десет секунди до крајот губеа со седум поени разлика (80-87). Она што следеше беше вистинска кошаркарска бајка.

Гнас Саргиунас, ја презеде целата одговорност во најкритичните моменти и со три тројки и донесе победа на свокјата селекција.

Прво погоди за 83-87 и ја разбуди надежта кај Литванците. Потоа, Акваси Јебоа од британскиот тим беше фаулиран, но успеа да реализира само едно слободно фрлање 83-88.

Саргиунас повторно ја зема топката и со неверојатна самодоверба погоди уште една тројка за 86-88, на само 3,5 секунди до крајот. Британците направија катастрофална грешка при уфлањето во игра, а топката заврши во рацете на Литванците. Саргиунас реши да биде херој и со трета тројка во серија, со звукот на сирената донесе победа со 89-88.

Публиката беше во транс, а коментаторите едноставно не можеа да поверуваат во она што го гледаат.

Овој натпревар ќе остане запаметен како пример за тоа дека во кошарката ништо не е готово додека не истече последната секунда.