Победничката серија во Првата лига мажи продолжува за одбојкарите на Штип УГД. Тие дојдоа до седмиот триумф во исто толку одиграни натпревари.
пред својата публика во салата „Јордан Мијалков“, Штип УГД во три сета 3:0 (25:18, 25:18, 25:14) го совладаа Работнички.
Тимот на Кристијан Ристески имаш контрола над случувањата на теренот во текот на целиот натпревар, оправдувајќи ја фаворитската улога.
Предводени од Махди Задмард со 17 поени и репрезентативецот Стојан Илиев со 13 поени штипјани остануваат сигурни на лидерската позиција на прволигашката табела.
Во редовите на Работнички 71&22 Кубаневот Густаво Вера Боланос со осум поени беше најефикасен додека Миодраг Новески освои седум поени.
Штип УГД држи одличен ритам сезонава во пресрет на главните испити на домашна сцена, дуелите со Борец (3 декември) односно со шампионот Струмица (6 декември). Тоа ќе бидат и последна проверка во пресрет на следниот европски предизвик.
Штип УГД го чека двомеч 1/16 финалето во ЦЕВ купот, против италијански Милано. Првиот дуел ќе се игра на 10 декември, во Радовиш.




































