Машката кошаркарска репрезентација на Македонија со победа го почнува новиот циклус овој претквалификации за Европското првенство во 2029 година.

Во првиот натпревар од „А“ групата Македонија беше подобра од Азербејџан. Натпреварот одигран вечерва во СЦ „Кале“ македонските кошаркари го добија со 87-49.

Дека Азербејџан е далеку од квалитетна селекција се виде уште на самиот почеток. Предводени од Андреј Јакимовски и неговите 10 поени во првиот квартал, македонските репрезентативци лесно стигнаа до двоцифрена предност. Искуството на Војдан Стојановски и Адем Мекиќ само придонесоа во сигурноста на играта на жолто-црвените.

Јакимовски го заврши со дабл-дабл ефект со 25 постигнати поени и 11 скокови. Двоен ефект имаше и ветеранот Војдан Стојановски со 16 поени и 11 скокови, a двоцифрен број на поени постигна и Лејсон Зекири со 17. Новото македонско засилување, Американецот, Омари Мур своето деби го заврши со учинок од 6 поени, 9 скокови и 6 асистенции.

Следен противник на Македонија е Ирска која вечерва игра породив Луксембург. Тој натпревар македонските репрезентативци ќе го играат на гостински терен во Даблин веќе во недела (30 ноември).

Само првопласираната селекција ќе продолжи во следната (главна) рунда квалификации. Натпреварите ќе се играат во три т.н. „прозори“, а по ноемвриските следните два се во февруари и јули 2026.

Следете нé на социјалните мрежи