Македонскиот шампион тетовска Шкендија го претрпе вториот пораз во Конференциска лига. Во натпревар од 4.коло одигран во Приштина, Шкендија е поразена од косовскиот првак Дрита со 1-0.
Иако тетовци имаа повеќе посед на топка и се трудеа први да стигнат до пресност, сепак сето тоа беше јалово. Единствено во првиот дел директен удар на противничкиот гол упат Спахиу, но домашниот голман беше внимателен.
Во 20.тата минута по центаршутот од десната страна нерешителноста на одбраната на тетовци ја казни Арб Менај за водство на Дрита од 1-0. Обидите на Шкендија да стигне до израмнување беа неуспешни, па резултатот на полувреме остана не променет.
Македонскиот шампион тргна офанзивно во вориот дел.
Првата голема шанса тетовци ја имаа во 55.минута кога Лативи од слободен удар ја погоди пречка. Во 69.минута од далечина се обиде и Рамадани, но топката заврши над голот на домаќините. Бадијала остана „тоталната офанзива“ на тетовци кои и на овој натпревар немаа идеја во завршницата.
Во следната, претпоследна петта рунда, Шкендија ќе игра на домашен терен во Скопје на 11 декември, а противник ќе и биде Слован Братислава.




































