Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер го претрпе седмиот пораз во Лигата на шампионите.
Пелистерци вечерва пред својата публика се совладани од актуелниот европски шампион Магдебург со 26-31.
Германскиот тим од самиот почеток го наметна своето темпо и постојано имаше предност. Во првиот дел, македонскиот шампион само два пати успеа да врзе два гола едно по друго. Тоа резултираше со најголеми +5 за Германците по на одмор заминаа со три гола предност (12-15).
И во второто полувреме Магдебург ја контролираше играта и резултатот, за на крај да слави со пет голови разлика (26-31).
Манасков и Радивојевиќ постигнаа по пет, а капитенот Кузмановски четири голови за макеоднскиот шампион.
За Еурофарм Пелистер следува гостувањето во Загреб на 3 декември, а потоа пауза се до февруари месец следната година. Во меѓувреме пелистерци ќе го одработат и домашното дерби со Алкалоид, едно од двете што ќе се играат викендов.





































