Фудбалерите на Реала Мадрид не само шѓто не ја оправдаа улогата на фаворит против Елче туку се спасија и од пораз.

Во натпревар од 13.коло на Ла Лига гостите од Мадрид во последните минути стигнаа до „реми“ 2-2 со Елче.

Сите четири голови беа постигнати во второто полувреме, а домашниот тим во два наврати имаше водство.

Фебас во 53.минута донесе водство од 1-0, а Хулсјен во 78-мата прв пат го израмни резултатот. Ви 84-тата минута Родригез повторно донесе предност ба Елче, овојпат од 2-1. Но, радоста на домашниот тим и навивачите траеше само три минути, кога Белингам успеа да го израмни резултатот на 2-2.

Реал останува лидер на табелата сега со 32 бодови, само еден повеќе од Барселона која е втора, а три од Виљареал кој е трет.

Следете нé на социјалните мрежи