Макс Верстапен повторно триумфираше во Лас Вегас. Светскиот шампион од Ред Бул ја освои трката за Големата награда по втор пат во три години. Холанѓанецот го искористи инцидентот на Ландо Норис во првиот круг и веднаш го презеде водството.
Норис, најдобар во квалификациите и лидер во шампионатот, направи агресивен потег за да го задржи Верстапен. Се изврте и падна на третото место. Џорџ Расел од Мерцедес се искачи на второто.
Во 34-от круг Норис го врати второто место, но не успеа да го стигне Верстапен. Ред Бул шампионот стигна до осми последователен подиум и четврта победа во последните седум трки. Со тоа останува во игра за петта титула по ред. Заостанува 42 поени зад Норис и само 12 зад Оскар Пјастри, кој заврши четврти.
Норис ја прекина серијата од две победи, но освои шест поени повеќе од Пјастри. Сега има предност од 30 поени пред својот соиграч на врвот на шампионатот пред трката во Катар.
Расел го заокружи подиумот со третото место. Младиот Кими Антонели имаше блескав настап. Од 17-та позиција стигна до четврто место, но поради казна од пет секунди заврши петти.
Драма имаше и во првата кривина. Пјастри за малку избегна тежок инцидент со Лиам Лосон , но Пјастри продолжи и ја задржа шансата за титулата.
Следната трка e на 30 ноември во Катар.





































