Македонскиот првак Еурофарм Пелистер го претрпе шестиот пораз ракометната Лига на шампиони. Пелистерци не само што не успеа вторпат и тоа во низа да го совладаат унгарскиот ПИК Сегед, туку беа и декласирани со 15 голови разлика.
во мечот одигран вечерва во Унгарија а во рамките од осмото коло Еурофарм Пелистер е поразен од Сегет со 20-35.
Освен почетните 0-1 и 1-2, Пелистер во продолжение постојано беше во негатива. Домашниот тим со серии од 5-1 и 3-0, во осумнаесеттата минута имаше и највисоки шест голови предност 10-4. Нерешителна енигма во тој период беше домашниот голман Микелер, кој полувремето го заврши 11 одбрани (вкупно 19). Нападот одеше тешко, а одбраната беше порозна унгарскиот тим на одмор меѓу двете полувремиња замина со предност од 14-9.
Вториот дел Сегед рутински го одработи. Од минута во минута унгарскиот тим ја зголемуваше предноста, за на крајот да слават заслужено со конечни 35-20.
Во следното коло, Еурофарм Пелистер во Битола, ќе го пречека актуелниот европски првак Магдебург. Натпреварот ќе се игра на 26-ти ноември, во терминот од 20 часот и 45 минути.





































