Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром вечерва ќе имаат обврски во регионалната АБА2 лига.
Во натпревар од 4.коло македонскиот шампион ја пречекува босанската екипата на Јахорина.
Двете екипи во овој натпревар ќе влезат со „скор“ од две победи и еден пораз. Аеродромци.
„Пред нас е натпревар во кој мораме да одиграме најдобро што знаеме и да дојдеме до значајна победа, со која ќе останеме во горниот дел од табелата.
Јахорина можеби е дебитант во АБА2, но е екипа за почит, со состав кој никако не смее да биде потценет. Двете досегашни победи го потврдуваат тоа.
Но, сигурен сум дека квалитетот и искуството се на наша страна, а предност ни е и настапот на домашен терен, каде што очекувам да имаме голема поддршка од трибините“, изјави Васко Атанасов, тренерот на аеродромци.
Сино-белите очекуваат поддршка од трибините во СЦ „Јане Сандански“ каде ќе се игра натпреварот со почеток од 20.45 часот




































