Одбојкарите на Штип УГД, остануваат и натаму на европската клупска сцена, во својата деби сезона. Штипјани по голема борба и летири одиграни сета го совладаа норвешкиот тим на Кол ИЛ.

Откако го загубија првиот меч во Осло во три сета, штипјани возвратија со иста мерка во реваншот, дури и подобро.

Ги добија трите сета одбојкарите на Штип УГД со 25-18, 25-23 и 25-16 и се изборија за „златен сет“. И решавачкиот четврти сет му припадна на освојувачот на Купот на Македонија, со 15-8, за пласман во следната рунда.

Стојан Илиев 22 поени Махди Заднард реализираше 15 поени, Стојче Арсов 11, Михајло Мирасчиев 10, Леандро Оливеира шест.

Следен противник на штипјани ќе биде италијанскиот Милано.

Следете нé на социјалните мрежи