Младата фудбалска селекции на Македонија, онаа до 21 година, денеска ќе го игра шестиот натпревар во квалификациите за ЕП 2027-ма.

Македонските младинци во Битола од 17 часот ќе ја пречекаат репрезентацијата на Полска.

Противникот е беспрекорен досега, односно оствари пет победи во исто толку одиграни натпревари. Во првиот меѓусебен Полјаците ги надиграа нашите младинци со убедливо 3-0.

Со четирите порази на петте натпревари, Македонија е претпоследна на табелата и одамна ги загуби шансите, да се бори за повисок пласман.

Дуелот меѓу Макеоднија и Полска ќе почне од 17 часот. Натпреварот може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.

Следете нé на социјалните мрежи