Женската кошаркарска репрезентација на Македонија вечерва ќе го игра вториот натпревар во квалификациите за Европското првенство 2027.

Македонските кошаркарки пред три дена, ја прекинаа децениската низа без триумф. Победата на Данска, ги подгреа надежите дека оваа селекција има капацитет да се надигруваат и со подобри репрезентации. Ова меѓу останатото го вели една од подобрите македонски кошаркарки Илина Селцова која додава.

„Ако победивме еднаш, зошто да не победиме повторно. Се е можно.

Искрено се надевам дека ќе биде така, со максимум од сите оние кои вечерва ќе истрчаат на теренот во “Кале“. Ако ги испратиме до крај инструкциите и договорот за игра на тренерите, би требало да биде ОК.

Очекувам и многу поголема поддршка од публиката. Ни треба, особено на вакви натпревари, против многу квалитетни репрезентации каква што пред себе ќе имаме вечерва“, изјави Селцова

Денеска нашите кошаркарки ќе имаат далеку потешка задача бидејќи за противник ќе имаат селекцијата на Грција.

Натпреварот што ќе се игра во СЦ „Кале“ ќе почне од 18 часот а може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.

Следете нé на социјалните мрежи