Најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија одигра натпревар без голови против Летонија.

Вечерва на арената „Тодор Проевски“ во Скопје во контролен (пријателски) натпревар Македонија и Летонија одиграа 0-0.

Иако влезот за овој натпревар беше бесплатен, малубројни беше публиката на скопската арена. Но и оние кои дојдоа, нема многу што да видат. црвено-жолтите играа со многу осцилации, и честопати без идеја во завршница на нападот. По неколку полу-шанси имаа двете селекции, а поблиску до гол беа гостите.  Во 70-тата минута, Икауниекс ја погоди пречката од голот на Димитриевски. Ова е прв пат Летонија да остане не поразена во шесте досегашни дуели со Македонија која има пет победи.

Ова беше тест за македонските фудбалери пред одигрувањето на последниот натпревар во квалификациите за Светското првенство 2026-та. Во вторник на 18 ноември, Македонија ќе гостува во Кардиф кај Велс.