Најдобрата женска кошаркарска репрезентација на Македонија, од денеска ќе биде на собир во Скопје, каде ќе ги одработи мини подготовките за новите евро-квалификации. Македонија која е дел од групата „Ф“, од 12 до 18 ноември, ќе одигра три натпревари.

Селекторот Ашаданов ја закажа првата прозивка вечервва (19 часот) во салата на СРЦ „Кале“, каде ќе бидеме во улога на домаќини во овој ноемвриски ФИБА „прозорец“.

Период дуел е закажан за 12 ноември, со почеток од 17 часот, против Данска, по што на 15 ноември ќе гостува Грција. Во третиот натпревар Македонија ќе и гостува на Хрватска 18.ноември, во Славонски Брод.

Согласно со планираните активности, сениорките ќе имаат уште два тренинзи на 11. ноември (вторник). Утринскиот е предвиден од 10.30 до 12.00 часот, а вечерниот од 19.15 до 20.45 часот. Девојките ќе тренираат и на денот на одигрувањето на средбата со Данска, во ран, утрински термин, од 9. до 10.часот.

За овој квалификациски циклус, Ашаданов и неговите соработници одредија вкупно 16.кошаркарки.

Во првата квалификациска рунда, ќе играат 27 селекции во периодот од ноември 2025 до март 2026 година.

Тимовите се поставени во шест групи по четири, и една од три, а ќе играат по три натпревари во секој квалификациски „прозорец“. Двете првопласирани од групите, како и трите најдобри според резултатите од првиот круг (вкупно 17), ќе продолжат во втората фаза.

Следете нé на социјалните мрежи