Кошаркарите на Пелистер продолжуваат со пеколниот ритам натпревари. Тие вечерва во рамките од 4.коло од ФИБА Европа купот „зелено-белите“ ќе ја пречекаат екипата на Цедевита јуниор.
Хрватскиот тим е прв во групата со максимални три победи, вклучувајќи ја и онаа над Пелистер, во Загреб во првото коло со резултат 94-76.
сигурно дека тоа ќе биде мотив повеќе да му се реваншираат на загрепскиот тим, но и поддршката што ја очекуваат од трибините во салата „Боро Чурлевски“. За пелистерци од тој момент се движеше во нагорна линија и ако се исклучи онаа потпросечна прва
„Играме против екипа која е квалитетна и досега нема пораз во ФИБА Европа купот. Тоа ни е само мотив, вечерва пред нашите верни навивачи да дадеме се од себе и да се обидеме да ја оствариме втората европска победа. На првиот меч одигравме многу слабо пред се во одбраната, но верувам дека овојпат се ќе биде сосема поинаку и дека ние ќе бидеме тие што ќе се радуваат на крајот. Важно ќе биде да се одигра добра одбрана во текот на сите 40 минути, како и да се исконтролира рекетот со квалитетна скок-игра. Знам дека нашите навивачи ќе ни ја дадат неопходната поддршка од трибините и верувам дека сме на добар пат да забележиме нова европска победа во Битола“, изјави Андреј Митревски, еден од македонските репрезентативци во таборот на Пелистер.
Денешниот дуел е исклучително важен бидејќи, победа ќе значи и задржување на шансите за пласман во следната фаза.
Натпреварот што ќе почне во 20 часот ќе може да ГО ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.



































