Кошаркарите на Пелистер го забележаа вториот пораз во групната фаза од ФИБА Евро купот. Пелистерци на гостувањето во Никозија, беа совладани од Керавнос со 99:86.
Домашниот состав триумфот го најавија во првиот квартал во кој натпревари разлика од 17 поени 39:22. Во наредните три четвртини битолчани постојано бркаа негатива, но најмногу се доближија на -7 во последниот период. Немаа сили зелено-белите да го надополнат пропуштеното во првите 10 минути, па противникот се радуваше на првата победа.
Митревски заврши со 13, Малешевиќ со 12, а двоцифрен беше и Си-Џеј Вилсон со 10 поени.
Во вториот натпревар од оваа група, загрепска Цедевита јуниор славеше над Превидзиа со 88:85.
тимот на Цедевита кој е следен противник на Пелистер во Битола на 5 ноември, е лидер на табелата со максимални три победи. Останатите три екипи имаат „скор“ со по 1 победеа и 2 порази.



































