Франческо Бањаја е победник на првата овосезонска трка во Мото ГП шампионатот.
Италијанецот, кој е актуелен светски шампион, со своето Дукати беше најбрз на денешната трка што се возеше за Големата награда на Португалија .
Бањаја прв ја мина целната рамнина пред Шпанецот, Маверик Виљалес на Априлија, односно Италијанецот, Маро Беѕеки од тимот на Дукати
Повеќекратниот светски првак Марк Маркез не ја заврши трката, откако имаше контакт со домашниот натпреварувач, Португалецот, Оливеира.
Следната трка ќе се вози на 2 април а на програмата е Аргентинското Гранд-при.