Ако Шпанците го имаат „Ел Класико“ (Барселона-Реа М), Англичаните „Мерсисајд дерби“ (Ливерпул-Манчестер Јунајтед), Германците „Дер Класикер“ (Баерн Минхен – Борусија Дортмунд) или српското „вечито дерби“ (Партизан-Ц.Звезда) многу други дуели на вечни ривали, ние Македонците го имаме „Супер дербито“. 

Иако започна како фудбалско ривалство меѓу скопски Вардар и битолски Пелистер, сепак во последните неколку години ривалитетот меѓу двата најголеми спортски колективи во Македонија, сега е на ракометниот терен.

Двата клуба со голема традиција, бројни трофеи во своите витрини и двете најголеми навивачки групи, секако заслужуваат посебно внимание, па затоа и посебно име за нивните меѓусебни пресметки. 

Затоа ние се решивме и си дозволивме дуелите на Вардар и Пелистер да ги ословуваме како „СУПЕР ДЕРБИ“.  

Изминатите 5-6 дена многу се пишуваше и говореше за големото ракометно дерби, раководствата на клубовите со заеднички повик за фер и коректно навивање, даваа поддршка на судиите што ќе ја делат правдата, а двете навивачки групи „Комитите“ и „Чкембарите“ со своја поддршка кон нивните клубови, сега е време да „битка“ на теренот.

Сите се со еден став „Нека победи подобриот“, нека победи спортот, да бидеме горди Македонски на ова „Супер дерби“. 

Ракометниот натпревар меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер се игра попладнево од 18 часот во СЦ „Јане Сандански“.

ВРЕМЕ Е ДА УЖИВАМЕ !