Ракометарите на Тиквеш вечерва ќе го играат реванш натпреварот од 2.коло во ЕХФ Европскиот куп.

Кавадарчани ќе имаат „невозможна мисија“ во дуелот со турскиот клуб Бешикташ. Ракометарите на Тиквеш ќе треба да надополнат дури 11 голови негатива од првиот натпревар во Турција што го загубија со 20-31.

Реално, имајќи го во предвид квалитетот на турскиот противник, кавадарчани се пред елиминација. Впрочем за разликата во квалитет доволно говорат и само трите постигнати гола во првото полувреме на првиот меч, .

Единствено што останува за тимот на Тиквеш е достоинствено да се спротивстави на подобриот противник и евентуално да се обиде да остане не поразен.

Денешниот дуел што ќе се игра во салата „Јасмин“ во Кавадарци ќе почне од 19 часот.

Потсетување дека во ова натпреварување Македонија стартуваше со тројца претставници., Во првата рунда Бутел несреќно беше елиминиран од луксембуршкиот претставник Дуделанж. Затоа пак Охрид со две убедливи победи го мина азербејџанскиот Баки и ќе игра во третото коло.

Следете нé на социјалните мрежи