Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер иако беше поразен од европскиот гигант Барселона, сепак не разочара.
Напротив, смета капитенот на зелено-белите Филип Кузмановски кој меѓу останатото по натпреварот изјави дека е горд на соиграчите.
Следен предизвик за пелистрци ќе биде гостувањето кај европскиот шампион Магдебург во четврток на 23 октомври.
Но, битолчани немаат многу време за одмор бидејќи попладнево (18 часот) во Кавадарци кај Тиквеш во дуел од седмото коло.





































