Кошаркарите на битолски Пелистер во Загреб, попладнево ќе го играат првиот натпревар од ФИБА Европа купот.
Откако не успеаја во Лигата на шампионите, пелистерци сега се дел од групата Д во европскиот куп.
Во оваа конкуренција покрај хрватскиот тим и вечерашен противник, Пелистер за противници ќе ги има Патриоти Левице (Словачка) и Керавнос (Кипар).
Целта на зелено-белите е освојување на едно од првите две места кои водат во следната фаза. Директен пласман во наредната втората фаза обезбедуваат првопласираните екипи од 10-те групи, како и шесте најдобро второ рангирани. Таму ќе бидат формирани нови четири групи. Потоа ќе следува разигрувањето почнувајќи од четвртфиналето во кое ќе се пласираат првите две екипи од новоформираните групи.
Денешниот дуел со Цедевита јуниор ќе се игра во салата „Дражен Петровиќ“, во терминот од 19 часот, а може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.



































