Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер вечерва ќе го игра петтиот натпревар во Лигата на шампионите.
Во салата „Боро Чурлевски“ во Битола ќе гостува шпанскиот и европски гигант Барселона.
Само посебе името на Барселона привлекува големо внимание, но и било кој друг да гостува во Битола, салата ќе биде преполна.
„Барселона е една од најдобрите три екипи во светот. Секој натпревар против нив е посебен, затоа што имаат многу ѕвезди и многу добри ракометари. Мора да бидеме фокусирани на сите детали. Таму сите ракометари се фокусирани само на настапите.
Секој тим против Барса максимално се бори, но само до одреден момент. При секое губење на концентрацијата, тие постигнуваат 3-4 брзи голови од контра напади, бидејќи имаат одлична одбрана и најдобар голман во светот“,
вели тренерот на пелистерци Рубен Гарабаја кој има настапувано за Барса.
Шпанскиот тим важи за апсолутен фаворит во вечерашниот натпревар, но пелистерци не размесуваат да излезат со „бело знаме“, не особено пред своите навивачи.
Пелистер кој има еден триумф и три порази, а Барселона има три победи и само еден пораз од актуелниот европски првак Магдебург.
Натпреварот Е. Пелистер – Барселона што ќе почне од 20.45 часот, ќе може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ и низ тв пренос на МРТ3.





































