Екипата на ТФТ Скопје, ќе почека уште одредено време да го почне својот настап во регионалната АБА2 лига.

Имено првиот противник на составот од Тафталиџе, хрватската Цибона, го откажа своето учество во АБА2 лигата.

Легендарниот хрватски клуб, своевремено и европски шампион, години наназад мака мачи пред се со финансиите. Во соопштението до јавноста, тимот од Загреб потенцира дека нема ниту пари ниту играчки и организациски капацитет да настапува во ова натпреварување.

Сега останува да се види дали АБА2 лигата ќе најде алтернатива за „цибоиси“ или ТФТ првата победа и бодови ќе ги впише службено. Покрај Цибона, тимот на ТФТ во лигашкиот дел од сезоната за противници ќе ги има: Војводина, Хелиос, Широки, Борац, Студент и Јахорина.

Потсетување дека во ова натпреварување настапува и макеоднскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром кој стартуваше со победа над Вршац.

Следете нé на социјалните мрежи