Ракометарите на Еурофарм Пелистер денеска ќе го игра четвртиот натпревар во Лигата на шампионите.
По поразите од ПСЖ и ГОГ Гудме, пелистерци ги чека гостување кај првакот на Полска, Висла Плоцк. Полскиот тим досега оствари две победи над Сегед и Загреб, па беше поразен од европскиот првак Магдебург. Тимот на Висла е еден од конкурентите на Еурофарм Пелистер за позициите што водат во разигрувањето.
„Играме со Висла Плок, тим кој постојано расте и станува многу посилен. Имаат одлична атмосфера во салата и претставуваат сериозна закана за сите ривали. Играат со висок притисок и неверојатно цврста одбрана која е добро синхронизирана и разноврсна. Мораме да бидеме фокусирани и да не правиме грешки, зашто тие веднаш ќе ја искористат таквата ситуација. Брзи се во нападот и ги казнуваат сите грешки на ривалите. Ова е Лига на шампиони, тука нема простор за импровизации. Играме против најдобрите тимови во Европа и сакаме да освојуваме бодови. Се надевам дека нема да имаме кризен период во играта, како што беше случај на натпреварот со ГОГ Гудме, кога немавме добри солуции цели 15-20 минути. Мораме да одиграме перфектно во текот на целиот натпревар, само така може да се надеваме на позитивен епилог“, Рубен Гарабаја тренер на Еурофарм Пелистер.
Затоа, натпреварот што ќе се игра утре од 18.45 часот е од голема важност за двете екипи.





































