Во салата „25-ти Мај“ во Радовиш, попладнево ќе се одиграат финалните натпревари во одбојкарскиот Купот на Македонија двете конкуренции.

Прва на програмата е машката финална пресметка. Актуелниот шампон и бранител на трофејот тимот на Струмица Никоб во дуелот со велешки ГОК Борец ќе се обиде да стигне до својот 9-ти трофеј во Купот, а вкупно 18-ти во клупската историја.

Овој натпревар започнува до 13 часот, додека три часа подоцна (од 16) на програмата е женското финале.

Како и кај мажите, екипата на Работнички Скопје која лани се закити со двојна круна, има можност и сезонава да стигне до таков успех. За да се случи тоа одбојкарките на Работнички Скопје прво ќе треба да го одбраната Куп трофејот и тоа во дуелот со екипата на Наковски волеј.

ФИНАЛЕ МАЖИ (13.00) СТРУМИЦА НИКОБ – ГОК БОРЕЦ
ФИНАЛЕ ЖЕНИ (16.00) РАБОТНИЧКИ СКОПЈЕ – НАКОВСКИ ВОЛЕЈ