Дерби дуели и натпревари на директните конкуренти ќе се играат овој викенд во домашните ракометни првенствени кола. Секако во центарот на вниманието ќе биде дербито во машката Супер лига меѓу првакот Вардар и битолски Еурофарм Пелистер. Дуелот се игра утре недела со почеток во 18 часот.

Во истиот термин, но денеска сабота во салата Автокоманда е пресметката меѓу Алкалоид и Бутел. Двата тим оваа натпреварувачка сезона веќе одиграа три натпревари во кои нијанси го решаваа победникот. На првиот дуел Алкалоид победи со 21:19, потоа Бутел како домаќин славеше со 28:27 и претходниот викенд во куп-пресметката Алкалоид победи со гол во последната секунда -25:24.

Во женска конкуренција се играат натпреварите од 2.коло.

Распоред на натпревари:

Супер лига – плеј оф (5.коло):

Алкалоид – Бутел (сабота – почеток 18 часот)

ГРК Тиквеш – Еурофарм Пелистер 2 (сабота – 19 ч.)

Пролет 62 – ГРК Охрид (недела – 16 ч.)

Вардар – Еурофарм Пелистер (недела – 18 ч.)

Супер лига – плеј аут (5.коло)

Голден Арт – Радовиш (сабота – 14:30 ч.)

Јуниор Кисела Вода – Прилеп (сабота – 17 ч.)

Вардар Неготио – Струга (сабота – 18:30 ч.)

МРК Куманово – Прилеп (сабота – 18:30 ч.)

Супер лига – плеј оф жени (2.коло)

ЖРК Металург – Куманово (сабота – 15ч.)

ЖРК Ѓорче Петров – ЖРК Вардар (сабота – 19 ч.)

Стружанка – Пелистер 2012 (недела – 16 ч.)

Овче Поле СУ – Чаир (недела – 20 ч.)

Супер лига – плеј аут (2.коло)

Астибо – Спартак (сабота – 14 ч.)

Кузман Вардар – Шампион (сабота – 15:30 ч.)

Деспина – Гевгелија (сабота – 18 ч.)

Слободна е екипата на ЖРК Скопје.